Hajer M'tırı
06 Јуни 2018•Ажурирај: 06 Јуни 2018
ПАРИЗ (АА) - Најмалку 11 лица се повредени по голема експлозија денес на фарма која се занимава со производство на пченица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на локалните медиуми, силосот за жито експлодирал од непознати причини на фармата лоцирана во источниот француски град Стразбур,
Инцидентот се случил околу 09.30 часот по локално време во пристаништето на реката Рен, на границата меѓу Франција и Германија.
Експлозијата предизвикала голем чад и оган.
На местото на несреќата пристигнале околу 70 пожарникари и во тек е голема акција за спасување на фармата.
Агенцијата за цивилна заштита на Франција преку својот профил на Твитер ја повика јавноста да го избегнува местото на инцидентот.