Ekipa
11 Април 2017•Ажурирај: 12 Април 2017
ПАРИЗ (АА) - По пожарот што изби синоќа во мигрантски камп во северниот дел на Франција, исчезнаа околу 600 евакуирани мигранти, соопшти организацијата Лекари без граници, пренесува Anadolu Agency (AA).
Корин Торе, претседателката на оваа хуманитарна група во Франција, изјави дека околу 1.500 мигранти се евакуирани поради пожарот којшто уништи голем број дрвени засолништа во кампот Гран Синт, во предградието Данкерк.
Торе истакна дека 900 евакуирани добиле привремено сместување во здруженијата и во локалните гимназии додека околу 600 од нив исчезнале.
„Едноставно, не знаеме каде се“, изјави Торе.
Се претпоставува дека пожарот избил како последица на претходна тепачка во која учествувале околу 150 мигранти. Торе изјави дека околу 10 лица се полесно повредени.
Француските власти започнаа истрага за да ја утврдат причината за избивањето на пожарот.