Cüneyt Karadağ
11 Април 2017•Ажурирај: 11 Април 2017
БЕРЛИН (АА) - Германската канцеларка Ангела Меркел оствари телефонски разговор со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, јавува Anadolu Agency (AA).
Владиниот портпарол, Штефан Зајберт, изјави дека двајцата лидери разговарале во врска со нападот со хемиско оружје во Сирија и за нуклеарната програма на Северна Кореја.
Портпаролот Зајберт рече дека за време на разговорот, Меркел истакнала оти реакцијата на САД по извршениот напад со хемиско оружје во Сирија се смета како разумна, но дека е потребно сѐ што се прави да биде во тек со политичкиот процес што се спроведува под покривот на Обединетите нации (ОН).
Во изјавата се наведува дека е значајна соработката со Русија во управувањето со процесот на политичката транзиција во Сирија, и дека целта е да се формира една мирна и стабилна Сирија без Асад.