Yusuf Özcan
28 Јули 2020•Ажурирај: 29 Јули 2020
ПАРИЗ
Полицијата во ќелиите од подрумот на Судот во Париз во текот на две години малтретирале и расистички навредувале над 1.000 осомничени лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Како што тврди францускиот портал „Streetpress“, ваквите тврдења се појавиле откако еден полицаец признал за случувањата во одделенијата за притвор.
Како што наведува истиот извор, некои полицајци им ги краделе електронските уреди и парите на лицата кои ги задржувале во притвор.
Француската Националната истражна единица (IGPN) од порано започнала истрага за овие трдења, а досега е познато дека еден полицаец ќе биде испратен пред дициплинската комисија, а петмина ќе бидат санкционирани.