Gözde Bayar
13 Јуни 2019•Ажурирај: 14 Јуни 2019
ПАРИЗ
Владата на премиерот на Франција, Едуард Филипе, доби доверба од францускиот Парламент по лошите резултати кои владејачката опција ги оствари на неодамнешните европски парламентарни избори, јавува Anadolu Agency (AA).
Вкупно 363 пратеници во францускиот Парламент синоќа изгласаа доверба на Владата на Филипе, а 163 парламентарци беа против.
Пред самото гласање во Парламентот, премиерот Филипе им се обрати на пратениците и го претстави планот на работата на Владата за наредните две години.
Тој најави продолжување на економските, социјалните и еколошките реформи, како и поинтензивна борба против невработеноста во Франција.