Gülşen Topçu
13 Јуни 2019•Ажурирај: 17 Јуни 2019
ГАЗА (АА) - Израел изврши воздушен напад врз земјоделско земјиште во градот Рафа кој се наоѓа во јужниот дел на Газа, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од очевидците, израелските авиони погодиле позиција на едно земјоделско земјиште.
Не се дадени информации околу тоа дали има жртви во нападот.
Според соопштението на израелската војска објавено на Твитер, воените авиони погодиле тунел на движењето Хамас во јужниот дел на Газа. Се вели дека нападот е извршен како одговор на ракетата лансирана од Газа.
Израелската војска неколку часа пред овој напад соопшти дека ракета лансирана од Газа во јужниот дел на Израел била уништена од страна на воздушно-одбранбениот систем наречен „Железна купола“.
Досега, никој не ја презеде одговорноста за ракетниот напад од Газа.