Ekipa
13 Февруари 2016•Ажурирај: 14 Февруари 2016
МИНХЕН (АА) - Францускиот премиер Мануел Валс предупреди дека тероризмот е закана за долг рок и дека ќе има уште големи терористички напади, јавува Anadolu Agency (AA).
Валс, во саботата во Минхен пред високите воени функционери и дипломати, на меѓународната конференција за безбедност, изјави дека светот по терористичките напади на 13 ноември минатата година во Париз "влезе во нова ера".
"Ние сме во војна со тероризмот. Мора да бидеме искрени со нашите луѓе и да им кажеме дека ќе има уште големи напади. Ова е нешто што се знае за сигурно", рече Валс.
Во прилог на зајакнување на воените сили во борбата со ДАЕШ Валс верува дека секој народ мора да се бори против радикализацијата на младите луѓе и да работат за мир во места како Сирија. Обраќајки се на Дмитриј Медведев, премиерот на Русија, изјави дека бомбардирањето на цивили мора да престане.