Ömer Aydın
23 Мај 2018•Ажурирај: 23 Мај 2018
ПАРИЗ (АА) - Премиерот на Франција, Едуард Филипе, ја откажа својата посета на Израел која се планираше да се реализира кон крајот на мај, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Кабинетот на премиерот на Франција се дадени информации околу посетата на Филипе во Израел помеѓу 31 мај и 1 јуни.
Во ова соопштение се вели дека е откажана посетата на Филипе во Израел поради интензивната агенда на Владата во наредните денови.
Во веста на весникот „Ле фигаро“ се наведува дека зад откажувањето на посетата на Филипе во Израел стои реформата за железницата во земјата, регулативите околу функционирањето на медиумите и интензивната агенда на Кабинетот на премиерот поради активностите кои ќе се реализираат во јуни.
Француската администрација претходно реагираше против Одлуката на претседателот на САД, Доналд Трамп, за преместувањето на Амбасадата на САД во Ерусалим (Кудс), и соопшти дека оваа одлука ги урива сите надежи за дводржавно решение во регионот.
„Со оваа одлука САД ги прекршија резолуциите на Советот за безбедност на ОН и дејствуваа против Меѓународното право“, истакна претходно Жан-Ив ле Дриан, шефот на француската дипломатија.