Yusuf Özcan
19 Април 2019•Ажурирај: 21 Април 2019
ПАРИЗ (АА) – Во Франција, на жената која во 2008 година беше избркана од работа поради носење марама (хиџаб), Судот пресуди да ѝ се исплати надомест од страна на компанијата од 23.000 евра, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информацијата во весникот „Ле Паризиен“ („Le Parisien“), Апелациониот суд во Версај, по 10-годишен судски процес донесе одлука за жалбата на Асма Боунаоил која од компанијата „Micropole“ беше избркана од работа поради тоа што носела марама.
Судот, соопштувајќи дека компанијата неправедно го отстранила лицето од работа, донесе одлука дека Боунаоил е во право. Судот, исто така, пресуди компанијата „Micropole“ на Боунаоил да ѝ исплати отштета од 23.000 евра.
Боунаоил во 2008 година од компанијата била ангажирана како инженер за дизајн, но била отпуштена од работа бидејќи носела марама. По отпуштањето од работа Боунаоил поднесе тужба.
Францускиот суд побара мислење во врска со ова прашање од Судот на правдата на Европската Унија (ЕУ), во согласност со судската практика на ЕУ.
Судот на правдата на ЕУ во Луксембург, во март 2017 година пресуди дека „Забраната на видливото користење на политички, филозофски или религиозни симболи на работните места од страна на работодавците и вработените не претставува директна дискриминација“.