Ali Semerci
19 Април 2019•Ажурирај: 20 Април 2019
ТРИПОЛИ (АА) - Светската здравствена организација (СЗО) објави дека во судирите во либискиот главен град, Триполи, и неговата околина, бројот на загинати се искачил на 213 лица, а бројот на повредени е над илјада, пренесува Anadolu Agency (AA).
Мисијата на СЗО во Либија, преку својот профил на социјалните мрежи, објави дека од почетокот на воените судири што генералот Халифа Хафтар ги започна на 4 април, со нападот на Триполи, загинале 213 лица, а 1009 лица се ранети.
Во изјавата изнесена вчера, Организацијата објави дека најмалку 205 лица загинале, а 913 биле повредени во судирите во Триполи. Поради судирите, 18.000 луѓе биле раселени.
Генерал Халифа Хафтар, лидер на воените сили од источниот дел на Либија, на 4 април издаде наредба за заземање на главниот град Триполи, по што единиците на Владата на национално единство на Либија ја започнаа операцијата „Буркан ал Гадаб“ (Вулкан на гневот).