Şeyma Uzundere
04 Март 2024•Ажурирај: 06 Март 2024
ПАРИЗ (АА) - Таксистите во Франција го блокираа автопатот кој води кон Париз во знак на протест против членот на Законот за социјално осигурување што стапи во сила на 1 февруари, со кој е воведена нова регулатива во врска со „превозот за медицинска цел“, известува Анадолу.
Локалните медиуми објавија дека таксистите, реагирајќи на членот на законот кој наложува да го делат возилото за медицинска намена бидејќи во спротивно ќе им биде укинато социјалното осигурување, го затвориле за сообраќај Автопатот А13 во насока кон Париз.
Емануел Кордие, претседателка на Националната федерација на таксисти, изјави дека денес во 7:30 часот по локално време, таксистите почнале да ги затвораат патиштата.
Таа наведе дека во протестот ќе учествуват околу 300 таксисти.
Протест одржаа и таксистите во Тулуз, Лион и Ним.
Владата на Франција има за цел да ги намали трошоците за транспорт и влијанието на јаглеродот.
Законот усвоен на 4 декември 2023 година, прави исклучоци за психијатриски случаи, за лицата со заразни болести и пациенти на кои лекарот им препорачал само едно патување.