?????
15 ноември 2015•Ажурирај: 16 ноември 2015
АНТАЛИЈА (АА) – Група демонстранти се собра во Анталија за да протесира за време на самитот на лидедите на Г20, кој денес и утре се одржува во турскиот град, јавува Anadolu Agency (AA).
Демонстрантите собрани на Плоштадот на републиката посебно ја критикуваа Кина, за која сметаат дека е земја која се наоѓа далеку од демократијата и човечките вредности
На протестима се најдоа членови на Асоцијацијата на солидарност и култура од Источен Туркистан, кои ги истакнуваа знамињата на Ујгурите и Турците.
Тие бараа од турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, на Самитот да се бори за правата на ујгурските Турци.
Демонстрантите ја осудија политиката која Кина ја применува врз малцинското муслиманско население.
Припадниците на безбедносните сили приведоа четири лица.