Fatma Esma Arslan
28 Јануари 2022•Ажурирај: 30 Јануари 2022
ДАКАР
Списанието „Жун Африк“ (Jeune Afrique), познато по своите публикации специфични за Африка, во своето издание од декември 2021 година објави специјално досие за Турција од вкупно 13 страници, јавува Агенција Анадолија (АА).
На првата страница од досието со наслов „Успешна приказна 3. чин“ од Џозефине Дедет, има фотографија од претседателот Реџеп Таип Ердоган направена за време на неговите разговори со претседателите на Того, Буркина Фасо и Либерија при посетата на Того во ноември 2021 година.
Во првиот напис од досието се потсетува дека „успешната приказна“ на Турција се заснова на прагматичната турска дипломатија, зголемениот број амбасади на континентот и летовите на „Туркиш ерлајнс“ во 60 земји на континентот.
Привлекувајќи внимание на фактот дека Турција се прослави на африканскиот континент со својата присност и моќ, во веста се нагласува дека Институтот „Јунус Емре“ има осум центри во Африка, а училиштата „Маариф“ обезбедуваат образование за 17.500 ученици.
Меѓу другото, се нагласува дека турските серии, особено „Величествениот“ и „Агенција (Teşkilat)“, се гледани многу на континентот.
- „Турција напредува од Рогот на Африка кон западниот дел на континентот“
Нагласувајќи ја одбранбената индустрија на Турција, во веста се потсетува дека многу африкански министри дојдоа на 15. Меѓународен саем за одбранбена индустрија што се одржа во Истанбул во август 2021 година.
Во веста во која се вели „Турција напредува од Рогот на Африка кон западниот дел на континентот“, се споменуваат односите на Турција со западноафриканските земји.
Во една друга вест насловена како „15 влијателни жени“ се споменуваат амбасадорките на Турција во Африка и се нагласува дека бројот на турски амбасадорки во Африка е поголем од бројот на амбасадорки на САД и Франција во регионот.
- „Проширување од секој поглед“
Во друга вест насловена „Проширување од сите погледи“, споделени се детали за 3. Економски и бизнис-форум на Турција - Африка, одржан во Истанбул во октомври 2021 година.
Исто така е подвлечено дека за време на посетата на претседателот Ердоган на Етиопија во 2005 година, во оваа земја имало три турски компании, а оваа бројка денес е зголемена на 225.
Во списанието е забележано дека 10 отсто од извозот на Турција е направен во Африка и дека обемот на трговијата, особено со западноафриканските земји, во последните години зема замав.
Во последната вест за досието „Турција“ е вклучено интервјуто со заменик-министерот за култура и туризам и поранешен претседател на ТИКА, Сердар Чам.
Во таа вест се посочува дека ТИКА преку своите 22 канцеларии на континентот обезбедува помош за африканските земји во согласност со нивните потреби.