Umur Koçak Semiz
19 Јуни 2016•Ажурирај: 20 Јуни 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Извесната кандидатка од Демократската партија на ноемвриските претседателски избори, Хилари Клинтон, по втор пат стана баба, јавува Anadolu Agency (AA).
Челси Клинтон, ќерката на поранешниот американски претседател Бил и поранешната американска државна секретарка Хилари Клинтон, соопшти дека родила син на којшто му го дале името Ејден Клинтон Мезвински.
Со посредство на социјалната мрежа Твитер, Челси соопшти дека таа и нејиното бебе се чувствуваат добро.
Челси со својот сопруг, Марк Мезвински, пред две години ја добија ќерката Шарлот. Челси, која студираше на универзитетот во Станфорд и Колумбија, а подоцна докторираше на Оксфорд, работи во финансискиот сектор и е голема поддршка на својата мајка Хилари во актуелната кампања за избор за претседателски кандидат од Демократската партија.
Пред породувањето, Челси на 7-ми јуни за последен пат се појави со својата мајка на предизборниот собир во Бруклин.