Ekipa
01 Август 2017•Ажурирај: 01 Август 2017
ХОМС (АА) - Повеќегодишната војна во Сирија и покрај тоа што однесе многу животи и ја уништи инфраструктурата на оваа некогаш убава земја, предизвика голема штета кај земјоделците кои од ден на ден се борат за опстанок, јавува Anadolu Agency (AA).
Северните делови на сирискиот Хомс пет години се под опсада на силите лојални на сирискиот претседател Башар ал-Асад. На некој начин тие исто така поседуваат огромни плодни области во овој град, бидејќи снабдувањето со вода во голема мера зависи од нив.
Режимните сили го спречуваат водоснабдувањето на оваа област и на овој начин е отежнато наводнувањето на плодните земјоделски површини. Друга отежнувачка околност за земјоделците од Хомс е недостатокот на електрична енергија. Ни врнежите не беа на очекуваното ниво, што доведе до намалување на приносот.
Директорот на Здружението на земјоделци од регионот, Ахмет Худур, за АА изјави дека околу 85 проценти од земјоделското земјиште е поврзано на мрежата за наводнување Хама-Хомс. Откако е прекинато водоснабдувањето на оваа мрежа, голем број на земјоделско земјиште зависи од врнежите.
"Оваа година културите се мошне лоши. Поголемиот дел од земјоделското земјиште претрпе штета, бидејќи зависеше од врнежите кои не беа доволни. Имавме околу 45.000 хектари земјиште на кое беше засадена пченица. Минатата година на секој хектар имавме околу 250 килограми пченица. Сепак оваа година количината падна на 150", објасни Худру.
Минатата година, според неговите зборови, како здружение склучиле договор со земјоделците и како резултат добија 1.200 тони пченица.
Фармерот Осман Ејуп тврди дека режимските сили во пролетта свесно ја пресушиле браната Растан со која ги наводнуваа земјоделските површини во близина. Потоа ова земјоделско земјиште беше уништено.
Тој укажа на важноста на подземните извори на вода, кои, оваа година, како што кажа, се во многу лоша состојба поради недоволните врнежи.