Fuat Kabakcı
02 Јули 2020•Ажурирај: 02 Јули 2020
АНКАРА
Во оружен напад во Хондурас животот го загубија репортер и камерман, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на полицијата, Џаир Меса, изјави дека во текот на работата на терен во Ла Сеиба убиени се репортерот Херман Валесилјо и камерманот Хорхе Позас. Напаѓачите го запреле возилото на местото каде што се наоѓале жртвите и отвориле оган на нив.
Меса рече дека не е познат мотивот на нападот, а полицијата ја истражува можноста на средбата на Валесилјо со еден политичар.
Здружението на новинари на Хондурас објави дека во таа земја се убиени 86 претставници на медиумите од 2001 година досега.