Merve Gül Aydoğan Ağlarcı
02 Јули 2020•Ажурирај: 03 Јули 2020
АНКАРА
Турските безбедносни сили неутрализираа најмалку двајца терористи на ЈПГ/ПКК во северна Сирија, во близина на турската јужна граница, се соопштува од Министерството за национална одбрана, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Нема да ѝ дозволиме на терористичката организација ЈПГ/ПКК да го наруши мирот и безбедноста во подрачјето на зоната на операцијата „Извор на мирот“. По спроведувањето на сите мерки, нашите херои командоси уште еднаш го спречија обидот на терорирстите на ЈПГ/ПКК да се инфилтрираат и неутрализираа двајца терористи“, се соопштува од Министерството на Твитер.
Од 2016 година Турција спроведе четири успешни прекугранични антитерористички операции во северна Сирија за да спречи формирање на терористички коридор: операцијата „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018), „Извор на мирот“ (2019 година) и „Пролетен штит“ (2020).
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои се наоѓаат и деца и жени. ЈПГ е нејзин сириски огранок.