Halit Süleyman
20 Јуни 2016•Ажурирај: 21 Јуни 2016
ДАМАСК (АА) - Обединетите нации (ОН) во соработка со сириската Црвена полумесечина испратија хуманитарен конвој од 50 возила за подрачјето на Источна Гута, кое припаѓа на сирискиот Дамаск, јавува Anadolu Agency (AA).
Оваа помош би требало да им го направи животот полесен на 25.000 луѓе кои живеат на тоа подрачје под опсада.
Локални извори наведуваат дека хуманитарниот конвој со храна, медицински материјали и други прозводи е испратен во подрачјата Хаза, Хамурие, Беит Сува и Aјн Терме во Источна Гута.
ОН претходно испратија хуманитарна помош за населението на Дераја, Забадани и Мадаја.