Tuğçenur Yılmaz
15 Март 2019•Ажурирај: 15 Март 2019
АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, ги осуди терористичките напади извршени врз две џамии во градот Крајстчерч во Нов Зеланд, пренесува Anadolu Agency (AA).
Чавушоглу на својот твитер-профил реагираше во врска со терористичките напади извршени врз две џамии во Нов Зеланд.
„Го проколнувам варварскиот терористички напад врз две џамии во градот Крајстчерч во Нов Зеланд“, нагласи Чавушоглу.
Тој посака од Бога милост за жртвите, а на повредените им посака брзо оздравување.
„Во овој предавнички напад одговорност немаат само сторителите, туку и политичарите и медиумите кои ја поттикнуваат омразата и антиисламизмот, кој многу се зголемува на Западот“, додаде шефот на турската дипломатија.
Во нападите извршени врз две џамии во Крајстчер загинаа 49 лица, а повеќе од 20 се повредени.