Servet Günerigök
25 Септември 2022•Ажурирај: 26 Септември 2022
ВАШИНГТОН (АА) - Едно „благодарам“ од САД далеку е од препознавањето на единственото значење на Туркије за Вашингтон, рече синоќа министерот за надворешни работи на Туркије, Мевлут Чавушоглу, известува Агенција Анадолија (АА).
Зборувајќи за историското значење на договорот за житото постигнат овој јули во Истанбул, со што беше деблокиран украинскиот извоз во светот, Чавушоглу истакна:
„Во подрачјата на надворешната политика, кога ги гледаме приоритетите на САД, Туркије не е еден од најважните актери, туку најважен актер. Значи, САД не би требало да го омаловажуваат значењето на Туркије само зборувајќи ‘договорот за житото е склопен, благодарам’.“
„Отстранувањето на препреките и решавањето на несогласувањата меѓу двете земји е од корист за двете страни“, рече Чавушоглу во своето обраќање пред членовите на турско-американската заедница во Лос Анџелес, Калифорнија.
Чавушоглу исто така рече и дека Туркије била во фокусот на разговорите со неговите колеги на маргините на Генералното собрание на ОН, додавајќи дека поголемиот дел од нив пофално зборувале за турските напори во руско-украинската криза, вклучувајќи го и договорот за житото и неодамнешната размена на заробеници.
„Околу 60 % од светските судири, вклучувајќи ги и Авганистан и Сирија, се случуваат околу Туркије. Работиме на минимизирање на влијанието на кризата“, рече Чавушоглу.