Ekip
03 Јануари 2019•Ажурирај: 05 Јануари 2019
ОСЛО (АА) - Норвешките официјални претставници објавија дека четири лица од Шведска и Финска исчезнале по лавина во северниот дел на Норвешка, а дека силен ветер, силни снежни врнежи и лоша видливост ја попречуваат потрагата по нив, пренесува Anadolu Agency (AA).
Последниот контакт со шведската државјанка и со тројцата фински државјани е остварен во средата попладне. Акцијата на трагање и спасување е покрената откако во долината Тамок, во близина на северниот град Тромсо, имаше лавина со опфат од 30 метри.
„Постојат многу мали шанси во тоа подрачје да дојде хеликоптер. Не можеме да преземеме таков ризик“, изјави денес во Тромсо полицискиот портпарол Мортен Петерсен.
Бард Рејнестад од болницата на Универзитетот во северна Норвешка изјави дека шансите дека скијачите преживеале во секој момент се намалуваат.