Emel Gözellik
18 Јануари 2020•Ажурирај: 20 Јануари 2020
КАТМАНДУ (AA) - Во лавина на подрачјето на Анапурна, во Непал, исчезнаа седум лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Функционерите на Кабинетот за туризам на Непал соопштија дека по обемните врнежи, што го прекрија кампот на висина од 3.230 метри на Анапурна, еден од највисоките врвови на Хималаите, исчезнаа чеворица планинари од Јужна Кореја и тројца водичи од Непал. Службените лица наведуваат дека временските услови ги отежнуваат акциите за спасување.
Во лавина во 2014 година на подрачјето на Анапурна загинаа околу 40 лица.