Gülşen Topçu
13 Август 2017•Ажурирај: 14 Август 2017
КАИРО (АА) - Организацијата на Муслиманското братство во Египет (Ихван) објави порака во која истакнува дека останува посветена на мирната борба за остварување на своите цели, јавува Anadolu Agency (AA).
По повод четиригодишнината од насилното завршување на мирните протести на египетските плоштади, вршителот на должноста челник на Муслиманското братство, Махмуд Изет, порача дека таа организација ќе го продолжи отпорот по мирен пат.
„Отпорот и борбата кои 'Ихван' ги спроведува се вредни за секаква пофалба. Рабиа стана симбол на слободата и ги повикуваме сите луѓе да не го заборават 14. август кога со крвави злосторства беа испразнети плоштадите Рабиа и Нахда”, порача Изет.
Првиот демократски избран претседател на Египет, Мухамед Морси, е соборен од власта со воен удар, откако милиони демонстранти протестираа на плоштадите во Египет. Египетските сили на денешен ден 2013 година употребија сила и ги испразнија плоштадите. Според податоците на Ихван, убиени се 2.600, а ранети 7.000 демонстранти.
Египетските власти и понатаму во затворите држат илјадници припадници на Муслиманското братство, меѓу кои се и челникот на таа организација Мухамед Бади и соборениот претседател Мухамед Морси.