Hüseyin Erdoğan
23 Април 2017•Ажурирај: 24 Април 2017
СТОКХОЛМ (АА) - Шведската влада донесе нова регулатива со која рокот на употребата на нуклеарните електрани во земјата се продолжува за 10 години и наместо досегашните 40 години, нуклеарките во Шведска ќе можат да бидат во употреба 50 години, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на канцеларијата за односи со јавноста на шведската влада се вели дека со новата регулатива е продолжен рокот на употреба на нуклеарните централи во земјата. Според новата регулатива, деветте нуклеарни централи во Шведска ќе можат да се користат 50 години. Претходната рагулатива ја ограничуваше работата на нуклеарните централи на 40 години.
Во моментов, деветте нуклеарни централи произведуваат 34 отсто од потребната електричната енергија во Шведска. Во соопштението се истакнува дека во наредните години, Шведска планира изградба на нови нуклеарни централи.
Шведска последните неколку години затвори девет нуклерани централи.
Движењата за заштита на животната средина во Европа предупредуваат дека поголем дел од постоечките 151 нуклеарни електрани во ЕУ и нејзината околина застаруваат и претставуваат закана.