Atila Altuntaş
10 јануари 2019•Ажурирај: 11 јануари 2019
СТОКХОЛМ (АА) - Избувна пожар во дом за бегалци во кој се сместени 40 лица, во подрачјето Торебода во градот Оребро, кој се наоѓа во јужниот дел на Шведска, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на државната телевизија SVT, Мортен Гуненг, директор за безбедност, истакна дека пожарникарските екипи интервенирале врз пожарот кој избувнал синоќа.
Гуненг нагласи дека во пожарот нема жртви или повредени, благодарение на тоа што домот бил евакуиран навреме и дека полицијата започнала истрага. Според него, постои сомнение дека пожарот бил подметнат.