Amina Zorniç
03 Ноември 2016•Ажурирај: 04 Ноември 2016
МАЛМЕ (АА) - Едно момче беше убиено доцна синоќа во пукотница во јужниот дел на шведскиот град Малме, јавува Anadolu Agency (AA).
Според локалните медиуми, тешко повреденото момче било пронајдено од страна на полицијата во Анелундсгатан, по дојавата за пукање. Иако веднаш му е укажана медицинска помош, тоа починало на местото на настанот. Полицијата соопшти дека станува збор за убиство, иако сѐ уште никој не е уапсен.
Полицискиот офицер Магнус Лефевр изјави дека во тек е истрагата и дека полицијата се сомнева во луѓе кои ѝ се познати на полицијата.