Ekipa
31 Март 2017•Ажурирај: 01 Април 2017
ГЛАЗГОВ (АА) - Шкотската премиерка Никола Старџен формално побара втор референдум за независност на Шкотска, јавува Anadolu Agency (AA).
Старџен денес испрати писмо до Тереза Меј, премиерката на Велика Британија, во кое формално побара пренесување на овластувањата за на граѓаните на Шкотска да им се овозможи второ изјаснување за независноста.
Испраќањето на писмото следува откако шкотскиот Парламент оваа недела, со 69 гласа за и 59 против се изјасни во корист на барањето за референдум за независност. Шкотите сакаат референдумот да се одржи во периодот меѓу есента 2018 и пролетта 2019 година.
„Шкотскиот народ мора да има право да ја избира својата иднина. Накратко, да го оствари своето право на самоопределба“, вели, меѓу останатото, Старџен во писмото што го упати до Меј.
Британската Влада најави дека ќе го одбие барањето од Шкотска.