Ekipa
09 Септември 2017•Ажурирај: 10 Септември 2017
МАДРИД (AA) - Околу 400 жители се евакуирани од седум градови на подрачјето на покраината Севиља поради пожари на југот на Шпанија, јавува Anadolu Agency (AA).
Властите наведоа дека евакуациите изведени во најголем дел во текот на изминатата ноќ поради чадот произведен со оган кој избувна во петок на тоа подрачје.
Околу 120 лица пронајдоа засолниште во градска библиотека, спортски центар и училиште. Повеќе од 130 пожарникари се бори со огнената стихија и пламенот кој достигна висина до 20 метри.
Функционерите сеуште не соопштија колку земјише е уништено и зафатено со пожар.