Gorana Jakovljevic
25 Септември 2021•Ажурирај: 27 Септември 2021
ЕЛ ПАСО
Продолжува ерупцијата на вулканот на шпанскиот остров Ла Палма, што уништи стотина куќи. Спасувачките екипи се на теренот, а локалното население се обидува да ја отстрани пепелта, известува Агенција Анадолија (АА).
Вулканот еруптираше на 19 септември на канарскиот остров Ла Палма со околу 80.000 жители. Според првичните проценки, ерупцијата предизвикала материјална штета од околу 400 милиони евра. Евакуирани се повеќе од 6.000 лица, а изгоре површина од околу 400 хектари земјоделско земјиште и околу 400 куќи.
Фоторепортерот на АА го забележа обемот на вулканските разорувања, подрачјата уништени од лавата и затрупани со пепел, како и животните спасени од планината Кумбре Виеха.
Последна слична ерупција на вулкан во Шпанија се случи во 1971 година исто така на островот Ла Палма, кога еруптираше вулканот Тенегија.