Ekip
19 Август 2017•Ажурирај: 20 Август 2017
БАРСЕЛОНА (АА) - Претставниците на шпанската и каталонска влада се состанаа за да го одредат нивото на терористичката закана на земјата и автономниот регион Каталонија, откако во четвртокот Барселона и јужниот приморски град Камбрилс беа погодени од терористички напади, јавува Anadolu Agency (AA).
По нападите во четврток попладне и петок изутрина во кој беа убиени 14 лица, а стотици беа повредени, шпанското ниво на закана е подигнато на четири од скалата од пет нивоа, што е степен кој го одобрува распоредувањето на војската.
Властите тврдат дека нападите биле работа на големите терористички ќелии, и дека долго време планирале да влезат во куќа во Алканар, 200 километри од Барселона.
Каталонскиот полициски службеник Јозеф Луис Траперо денес изјави дека е очигледно оти случајната експлозија на бутан во куќата во која загина едно лице, ги спречина осомничените да извршат далеку посмртоносни напади. Експлозијата се случи во среда.