Muhammet Nusret Altun
28 Мај 2019•Ажурирај: 30 Мај 2019
РИО ДЕ ЖАНЕИРО (AA) – Шумскиот појас во регионот на Амазаон, Бразил, во последните девет месеци е намален за 20 проценти, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според неодамнешната студија на „Имазон”, непрофитна организација која го истражува намалувањето на шумите во Амазон и уништувањето на живите видови, од август 2018 година до април 2019 година околу 2 илјади километри квадратни шуми во регионот се уништени, што изнесува 20 проценти од шумите на Амазон.
Експертите истакнуваат дека причините за губењето на шумите се неконтролираното сечење дрва и изградбата на населени места.
Од друга страна, бразилскиот претседател Жаир Болсонаро наведе дека целта на групите активисти не е заштита на шумите на Амазон, туку спречување на економскиот потенцијал на Бразил.
Во својата изјава на почетокот на овој месец, министерот за животна средина на Бразил, Рикардо Селес, рече дека ќе се формира фонд за заштита на шумите во Амазон и справување со губењето на шумите. Тој, исто така, нагласи дека ќе ги посети Германија и Норвешка, за да обезбеди средства за фондот.