Emel Öz Gözellik
28 Мај 2019•Ажурирај: 29 Мај 2019
РИО ДЕ ЖАНЕИРО (АА) - Во три затвори во покраината Амазонас, во северниот дел на Бразил, мртви беа пронајдени 42 затвореника, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според властите, претходниот ден во затворот „Анисио Џобим“, во градот Манаус во Амазонас, при настаната караница 15 затвореници го загубиле својот живот. Вчера пак во три затвори во истиот град, 42 затвореници биле пронајдени мртви.
Властите во затворската единица во покраината Амазонас соопштија дека 42 затвореници од трите затвори биле задавени.
Бразилското Министерство за правда и јавна безбедност објави дека во затворите се испратени специјалните сили за да ја контролираат ситуацијата.
Претходниот ден во затворот „Анисио Џобим“ во градот Манаус, 15 затвореници ги загубија животите при настаната тепачка во периодот наменет за посети.
Во истиот затвор, во јануари 2017 година, при настанатиот бунт 56 затвореници ги загубија своите животи, а голем број затвореници, искористувајќи го хаосот избегаа.