Selman Aksünger
12 Април 2022•Ажурирај: 13 Април 2022
АМСТЕРДАМ (АА) - Јавната обвинителка на Украина, Ирина Венедиктова, истакна дека истражуваат 6.000 воени злосторства извршени во Украина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Учествувајќи во програмата на холандскиот јавен сервис „НОС“ преку видеоконференција, јавната обвинителка Венедиктова истакна дека истражуваат 6.000 воени злосторства извршени во областите од каде што се повлекоа руските војници.
Венедиктова, нагласувајќи дека Русите имаат за цел да ги уништат Украинците, рече дека руските војници за некои бомбашки напади и за убивање цивили добиле наредби од нивните претпоставени.
Таа додаде дека Русите сакаат да ја заплашат и заземат Украина со напади врз цивилите. „Очекуваме поддршка од меѓународната заедница да стави крај на војната и да ги казни воените злосторници“, додаде Венедиктова.
Посочи дека се обидува да ги посети сите места каде што се извршени можни воени злосторства, вклучително и да ги испита наводите за воени злосторства извршени од украинските војници.
- Цивилните жртви во Буча -
Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, во својот говор во романскиот Парламент по посетата на градот Буча во Киевската Област, каде што руските војници се повлекоа, изјави дека масакрот во Буча е воено злосторство.
Се наведува дека украинското Државно обвинителство и полицијата се обиделе да го снимат секое воено злосторство на местото на настанот, а од вчера бројот на цивилни трупови извадени од масовната гробница во Буча и испратени на судска медицина за идентификација е 46.