Ahmet Furkan Mercan
07 Април 2023•Ажурирај: 07 Април 2023
ТОКИО (АА) - Владата на Јапонија се обврза да донира уште 7,6 милијарди долари (6,9 милијарди евра) помош на Украина, јавува Анадолу.
Јапонскиот министер за надворешни работи Јошимаса Хајаши разговараше со својот украински колега министерот Дмитро Кулеба за време на посетата на Брисел.
Министерот Јошимаса изјави дека јапонската Влада се обврзала дека на Украина, која се соочува со напади од Русија, да ѝ донира 7,6 милијарди долари помош што опфаќа различни сектори.
Премиерот на Јапонија, кој во мај ќе биде домаќин на самитот на лидерите на групата Г7, го повика украинскиот претседател Владимир Зеленски да присуствува на самитот.