Ayşe Doğru
12 Јануари 2018•Ажурирај: 12 Јануари 2018
АНКАРА (АА) - Јапонскиот министер за надворешни работи Таро Коно од мјанмарскаста лидерка Аунг Сан Су Ќи побарада да обезбеди услови за да можат араканските муслимани безбедно да се вратат во земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
Според веста што ја објави новинската агенција Кјодо, јапонскиот министер Коно, кој во мјанмарскиот главен град Непидо се сретна со Су Ќи, на заедничката прес-конференција побарал обезбедување услови за безбедно и доброволно враќање и сместување во сопствените домови на араканските муслимани (Рохинџа) кои бегајќи од насилствата се засолнија во Бангладеш.
Министерот Коно истакна дека Јапонија посакува активно да ги поддржи напорите на Мјанмар.
- Етничко чистење на араканските муслимани
Според последните податоци што ги обелодени ОН, од 25 август изминатата година досега, 655.000 аракански муслимани бегајќи од насилствата во Мјанмар се засолниле во Бангладеш. Се претпоставува дека во 1970-тите години, во Мјанмар живееле околу 2 милиони муслимани, додека денеска, бегајќи од систематските напади, во оваа земја живеат помалку од 350.000 муслимани.
Од друга страна, меѓународните хуманитарни организации, врз основа на сателитски снимки, соопштија дека во Мјанмар се запалени 350 муслимански села.