Bayram Altuğ
12 Јануари 2018•Ажурирај: 13 Јануари 2018
ЖЕНЕВА (АА) - Обединетите нации (ОН) реагираа на наводната изјава на американскиот претседател, Доналд Трамп, во која одредени земји од Латинска Америка и Африка ги нарече „одвратни земји“. ОН овие изјави ги окарактеризираа како расистички, јавува Anadolu Agency (AA).
Американските медиуми денес објавија дека Трамп за време на состанокот кој се однесувал на мигрантите, во Белата куќа, изјавил: „Зошто би сакале тука да доаѓаат мигранти од овие одвратни земји? Треба да примаме повеќе мигранти од Норвешка“.
Портпаролот на Високиот комесаријат на ОН за човекови права, Руперт Колвил, исто така, се осврна на наводните изјави на Доналд Трамп.
„Ако ова е потврдено, тоа се многу шокантни и срамни коментари на претседателот Трамп. Жал ми е, но овие зборови не е можно да се окарактеризираат на друг начин освен како расистички“, изјави Колвил.
Тој, исто така, нагласи дека тука не се работи само за нешто што се однесува на воспитување, туку дека станува збор за одобрување и поттикнување расизам и ксенофобија.