Ahmet Furkan Mercan
05 Мај 2020•Ажурирај: 06 Мај 2020
ТОКИО
Јапонската префектура Чиба ја потресе земјотрес со интензитет од 5 степени, јавува Агенција Анадолија (АА).
Агенцијата за метеорологија на Јапонија соопшти дека епицентарот на земјотресот се случил во подрачјето Хокусеибу во префектурата Чибу, на длабочина од 70 километри.
Земјотресот се почувствувал и во околните префектури.
По земјотресот не е дадено предупредување за можно цунами.
Подрачјето Хокутобу во префектурата Чибу во понеделникот го потресе земјотрес со интензитет од 5,5 степени.