Sena Güler
05 Јуни 2018•Ажурирај: 05 Јуни 2018
АМАН (АА) - Јорданците продолжија со собирите во знак на протест поради контроверзниот Закон за данок на доход и покрај вчерашната оставка на премиерот, јавува Anadolu Agency (AA).
Стотици демонстранти се собраа околу седиштето на Владата во главниот град Аман, барајќи пристап до владините канцеларии. Сепак, полицијата ги блокираше.
Јорданскиот премиер Хани ал Мулки вчера ја поднесе оставката до кралот Абдула II, по неодамнешните протести во земјата.
Кралот Абдула II ја прифати оставката и го назначи министерот за образование Омар ал-Разаз да ја предводи новата Влада.
Повод за протестите беше минатонеделната одлука на Владата на Јордан да воведе дополнителни даноци за сите вработени чиј годишен приход го надминува прагот од 8.000 јордански динари (11.200 долари). Планот за воведување дополнителен данок на плати во државната каса ќе донесе нови 140 милиони долари.
Владата неодамна ги зголеми цените на електричната енергија по петти пат оваа година, што доведе до незадоволство кај населението. Исто така, зголемени се субвенционираните цени на горивото за 5,5 отсто, пред кралот Абдула II да побара изземање од одлуката.