Ömer Koparan
09 Јануари 2020•Ажурирај: 10 Јануари 2020
ХАСЕКЕ (АА) - Терористичката организација ЈПГ/ПКК ослободи уште 40 терористи на ДЕАШ што ги држеше во затворите во провинцијата Хасеке во североисточна Сирија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите од локалните извори, ЈПГ/ПКК ослободи 40 припадници на ДЕАШ од затворите во Хасеке, откако арапските племиња во регионот станаа гаранти за нив.
ЈПГ/ПКК, по започнувањето на операцијата „Извор на мирот“ од страна на Турција, ослободи стотици припадници на ДЕАШ и нивните семејства, или пак дозволи да избегаат.
Терористичката организација на тој начин се обиде да ги уцени Соединетите Американски Држави (САД) и западните земји да ја стопираат операцијата на Турција.
Турското Министерство за одбрана во соопштението од 17 ноември истакна дека терористичката организација ЈПГ/ПКК ослободила најмалку 800 припадници на ДЕАШ од затворот во Тел Абјад.
Познато е дека организацијата во последните два месеца ослободи над 1.000 припадници на ДЕАШ и нивните семејства од кампот „Хол“ во Хасеке.