Sümeyye Dilara Dinçer
25 Ноември 2020•Ажурирај: 26 Ноември 2020
АНКАРА (АА) - Јужна Кореја го казни Фејсбук со 6 милиони долари поради споделување информации за корисниците без дозвола, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на новинската агенција „Јонхап“, компанијата ќе плати 6 милиони долари казна поради споделување на информациите за 3,3 милиони јужнокорејски корисници на Фејсбук со други компании.
Во кривичната одлука на Комисијата за заштита на личните информации (PIPC) е наведено дека помеѓу 2012-2018 година, Фејсбук на други компании им обезбедил информации за корисниците на Јужна Кореја.
Со тоа Фејсбук го прекршил Законот за лични информации во земјата.
Информациите споделени со компаниите вклучуваат имиња на корисниците, адреси, датуми на раѓање, работно искуство, роден град и статус на врска.
Комисијата за заштита на личните информации (PIPC), исто така, нагласи дека Фејсбук не соработувал во истрагата спроведена од страна на Комисијата и дека обезбедувал нецелосни и неточни документи.
Од друга страна, Фејсбук соопшти дека жалат за казната на Комисијата и дека соработувале во истрагата.