Serdar Dincel
06 Јануари 2025•Ажурирај: 07 Јануари 2025
ИСТАНБУЛ (АА) - Северна Кореја истрела неидентификувана балистичка ракета во Источното Море, соопшти денес началникот на Здружениот генералштаб на Јужна Кореја, пренесува Анадолу.
Здружениот генералштаб моментално ги анализира деталите како што се типот на ракетата, траекторијата и растојанието на летот, објави „Кореја ЏонгАнг дејли“.
Ова е прво лансирање на балистичка ракета на Северна Кореја оваа година.
Лансирањето се случи приближно две недели пред новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп да ја преземе функцијата на 20 јануари.