?????
19 Ноември 2015•Ажурирај: 21 Ноември 2015
ЊУЈОРК (АА) – Американските сили за безбедност ги зајакнаа мерките на безбедност во сите поголеми градови по минатонеделните терористички напади во Париз, а зголемени полициските мерки се посебно видливи во Њујорк, јавува Anadolu Agency (AA).
Оружени припадници на специјалната полиција спроведуваат зајакнати мерки на сигурност на скоро сите места за масовно собирање, а во превентивните контроли кај Times Square помагаат и кучиња трагачи.
Властите на Њујорк тврдат дека нема конкретни закани кон безбедноста на земјата, но дека мерките на зајакната полициска контрола и приравност поради превентива продолжат и во следните денови.
Граѓаните се повикани да соработуваат со полицијата, но слободно да ги извршуваат своите секојдневни обврски и да не создаваат паника поради зајакнатото присуство на полициските сили на улиците.
„Не постојат никакви индикации, ниту сознанија за евентуални закани, но ќе продолжиме со зајакните превентивни мерки на безбедност, посебно на местата на масовни собири и во близина на дипломатските преставништва“, соопштено е од Полициската канцеларија во Њујорк (NYPD).
Градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио, им порача на граѓаните дека зајакнатите мерки на безбедност се од превентивен карактер, но дека безбедносната ситуација е добра.
„Шокирани сме кога ќе видиме напад како овој во Париз, но тоа мора воедно да ни биде и предупредување и потсетник дека мораме да бидеме подготвени да ја спречиме секоја слична закана. Тоа се однесува особено на оние места кои поради голема фреквенција на луѓе би можеле први да се најдат на мета на терористите“, кажа Де Бласио.