Mustafa Çağlayan
26 Ноември 2015•Ажурирај: 27 Ноември 2015
ЊУЈОРК (АА) – Поради сомнителниот пакет синоќа делумно е евакуирана најважната автобуска станица, Порт Ауторити во Њујорк, јавува Anadolu Agency (AA).
Откако припадниците на безбедносните сили во близина на станицата открија сомнителен пакет, ги затворија сите влезови во станицата и околните улици.
Сообраќајот во околните улици беше сопрен на 60 минути.
Откако стручњаците за контрадиверзиона заштита утврдија дека не се работи за експлозивна направа, повторно се отворени влезовите на станицата, а сообраќајот од околните улици е повторно воспоставен.
Сè се случувало во 18:30 часот по локално време. Тогаш сообраќајот е многу густ бидејќи е крај на работното време. Поради прекинот на сообраќајот околу плоштадот Тајмс се создадал голем метеж и колони.