Yunus Kaymaz
08 Септември 2017•Ажурирај: 09 Септември 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - По натпреварите во групи, очите се вперени во утрешните натпревари од осминафиналето на Европското првенство во кошарка 2017, јавува Anadolu Agency (AA).
Утре, во спортската сала „Синан Ердем“ во Истанбул ќе започнат осминафиналните натпревари на Евробаскет 2017, кои ќе траат два дена.
Турција во осминафиналето, како четвртопласирана од групата Д, ќе се сретне со првопласираната од групата Ц, репрезентацијата на Шпанија, која во досегашното натпреварување на Евробаскет ги извојува сите победи.
Шпанија е носител и на последната титула европски шампион. Натпеварот меѓу Турција и Шпанија ќе се одигра в недела, со почеток во 17.45 часот.
Од понатамошниот тек на првенството се збогуваа репрезентациите на Полска, Исланд, Грузија, Израел, Чешка, Романија, Белгија и Велика Британија.

Натпреварите од осминафиналето на Евробаскет 2017 ќе се одиграат в сабота и недела, на 9 и 10 септември.
Распоредот на натпреварите е следен:
9 септември (сабота):
11:30 Словенија - Украина
14:15 Германија - Франција
17:45 Финска - Италија
20:30 Литванија - Грција
10 септември (недела):
11:30 Летонија - Црна Гора
14:15 Србија - Унгарија
17:45 Шпанија - Турција
20:30 Хрватска - Русија
- Четвртфинални натпревари
По еден ден пауза, во вторник продолжуваат натпреварите од четвртфиналето на Евробаскет 2017. Натпреварите ќе се одиграат по следниот распоред:
Победникот од Германија - Франција против победникот од Шпанија - Турција
Победникот од Словенија - Украина против победникот од Летонија - Црна Гора
Победникот од Литванија - Грција против победникот од Хрватска - Русија
Победникот од Финска - Италија против победникот од Србија - Унгарија
За 14 и 15 септември се закажани полуфиналните натпревари. Финалето на Евробаскет 2017 ќе се одигра в недела, на 17 септември, во спортската сала „Синан Ердем“ во Истанбул.