Bedrudin Brlyavac
07 Септември 2017•Ажурирај: 08 Септември 2017
САРАЕВО (АА) - Челниците на Париз Сен Жермен (ПСЖ) соопштија дека не се загрижени поради истрагата што ја започна Европската фудбалска унија (УЕФА) околу можното кршење на финансискиот фер плеј, јавува Anadolu Agency (AA).
ПСЖ е под истрага на УЕФА поради можното кршење на финансискиот фер плеј.
Претседателот на шпанската Ла Лига, Хавиер Тебас, неодамна истакна дека со доведувањето на Нејмар во своите редови за 222 милиони евра, ПСЖ излегол надвор од рамките на фер плејот.
Во Париз Сен Жермен, сепак, веруваат дека нивното работење е регуларно.
„Клубот нема што да крие. УЕФА може да ги посети нашите канцеларии. Ние сме максимално транспарентни и тоа го кажуваме со големо задоволство. Ги почитуваме сите правила. Доколку некои клубови не се среќни поради тоа, тогаш тоа не е наш проблем. Не сакам да влегувам во деталите на финансискиот фер плеј и како ќе ги вратиме парите“, изјави првиот човек на ПСЖ, Насер Ал-Хелауфи.
ПСЖ ова лето, од Барселона го доведе Нејмар во своите редови, за рекордни 222 милиони евра, како и Килијан Мбапе за 180 милиони евра од Монако.
Мбапе најпрво пристигна како заем, за клубот да остане во рамките на финансискиот фер плеј, но одредени медиуми тврдат дека ПСЖ ги прекршил правилата.