Dejan Maksimoviç
11 Август 2019•Ажурирај: 13 Август 2019
МАДРИД (АА) - Белгискиот фудбалер Еден Азар, кој летово премина од Челзи во Реал Мадрид, изјави дека во „кралскиот клуб“ се чувствува како да е на седмо небо, пренесува Anadolu Agency (AA).
Кон средината на неделата, Азар го постигна првиот гол во дресот на Реал во триумфот со резултат 1:0 против Салцбург во пријателски натпревар.
„Како дете сонував дека еден ден ќе го носам дресот на Реал Мадрид. Кога Реал чука на вашата врата, може да направите само едно нешто, да ја отворите. Во Челзи поминав незаборавни години, но сега сум тука на седмото небо. Еден од моите идоли, кога бев дете, беше Зинедин Зидан. Го имав неговиот постер во собата, а сега имам можност да ме тренира“, воодушевен е 28-годишниот Белгиец.
Сезоната во шпанската Ла лига започнува на 16 август со натпреварот помеѓу Атлетик Билбао и Барселона. Реал средбата од првото коло ќе ја игра еден ден подоцна на гости кај Селта од Виго.
Азар професионалната кариера ја започна во францускиот Лил од каде што во 2012 година се префрли во Челзи. За време на неговите седум сезони на „Стамфорд Бриџ“ за „сините“ одигра 352 натпреварувачки меча и постигна 110 гола. Во дресот на репрезентацијата на Белгија настапи 102 пати и постигна 30 гола.