Dejan Maksimoviç
20 Ноември 2016•Ажурирај: 21 Ноември 2016
МАДРИД (АА) - Реал Мадрид на Висенте Калдерон го надигра Атлетико Мадрид со резултат од 3: 0 во големото дерби, благодарение на извонредниот португалски напаѓач Кристијано Роналдо, кој постигна хет-трик, јавува Anadolu Agency (AA).
Кралскиот клуб имаше одличен влез во 159 мадритско дерби преземјаќи го водсвото во 23. минута со голот на Роналдо. Во продолжение на играта, домашната екипа се обидуваше да го израмни резултатот, но нивната надеж беше уништена повторно од Роналдо. Првиот погодок беше од белата точка во 71 минута, а потоа и по третпат, шест минути подоцна, со помош на Герет Бејл.
По 12 одиграни кола, Реал е лидер во Ла Лига со 30 поени, а Атлетико го зазеде петтото место со девет поени помалку.