Hüseyin Burak Demirer
23 Декември 2020•Ажурирај: 24 Декември 2020
АНКАРА (АА) - Новата сезона во американската Национална кошаркарска лига (НБА) започна со два натпревари. Пред почетокот на натпреварот, според традицијата на НБА, на играчите на Лејкерс им беа доделени шампионските прстени на отворањето на сезоната. Играчите на Лејкерс ги зедоа своите шампионски прстени, но Клиперс си замина како победник од теренот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во екипата на Клиперс шест играчи остварија двоцифрен скор, при што вкупно 59 поени постигнаа играчите Пол Џорџ (33) и Кавај Леонард (26).
Во редовите на домаќинот, ѕвездата на Лејкерс, Леброн Џејмс, постигна 22 поени, 5 скока и 5 асистенции, Ентони Дејвис постигна 18 поени и 7 скока. Дабл-дабл учинок постигнаа Монтрезл Харел со 17 поени и 10 скока и Денис Шредер со 14 поени, 12 скока и 8 асистенции.
- Дурант на паркетот се врати со победа -
Кевин Дурант, кому во јуни 2019 година му пукна Ахиловата тетива и оттогаш не настапи на ниту еден официјален натпревар, по трансферот за првпат го облече дресот на Бруклин Нетс на средбата против Голден Стејт Вориорс, за кој настапи Стефен Кари, кој поради скршениците на раката и зглобот, минатата година настапи само на 5 натпревари.
Бруклин Нетс извојува победа од 125:99, а најзаслужни за победата беа Дурант, кој постигна 22 поени и 5 скока, Кари Ирвинг 26 поени и Керис Леверт 20 поени, 9 скока и 5 асистенции.
Во редовите на Вориорс, Стефан Кари постигна дабл-дабл од 20 поени, 10 асистенции и 4 скока, а руки играчот Џејмс Вајсмен оствари учинок од 19 поени и 6 скока, но тоа не беше доволно за да се избегне поразот од Нетс.