САРАЕВО (AA) - Бакир Тиро
За највеќе десет дена ќе објавам список со играчи за пријателскиот меч со Шпанија, кој се игра на 29 мај во Ст. Гален во Швајцарија, како и за Кирин купот, турнирот на кој ќе настапиме во Јапонија, рече за Anadolu Agency (AA) Мехмед Баждаревиќ, селекторот на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина (БиХ).
Иако не сакаше да зборува околу имињата додека не направи додатни состаноци со соработниците од стручниот штаб, но и со челниците на Фудбалскиот сојуз на БиХ, очигледно дека наредниот список на Баждаревиќ ќе биде во поширок состав во однос на претходните.
Против европскиот првак Шпанија во Ст. Гален ќе играме со најсилниот состав. Ќе се обидеме да покажеме заби и се надевам дека ќе одиграме добро против супер силниот противник, т.е дека ќе им дадеме на знаење дека можеме на секого да му парираме, истакна Баждаревиќ, спомнувајќи ги проблемите во кои се најде:
„Ќе биде многу тешко најсилниот тим да го однесеме во Јапонија. Од друга страна, имаме и обврска кон организаторите на турнирот. Но, за мене најважно е репрезентацијата, позитивната атмосфера во која мора го дочекаме септемврискиот старт на квалификациите за Светско првенство. Логично е дека на повеќедневното патување мораме да поштедиме некои од играчите кои имаа исрпцни сезони и повреди. Тоа мораме да го направиме поради репрезентацијата, а да здивнат играчите, да се опорават во кратката летна пауза и да бидат 100 посто подготвени за почеток на квалификациите и натпреварот со Естонија“.
Земајќи го в предвид тоа, вели: „за Јапонија ќе видиме кој ќе оди“.
„За тоа ќе одлучувам на почетокот на наредната недела по низа состаноци со соработниците во стручниот штаб, но и со луѓето во Сојузот. Мораме да бидеме паметни и внимателни. И уште нешто многу битно. На нас ни треба сериозен скаутинг, на лице место да ја погледнеме Естонија, новата репрезентација на Грција, Кипар. И тие ќе играат кон крајот на мај и почетокот на јуни. Ништо не е алармантно. Верувам дека ќе направиме добар план за се, како и дека ќе имам доволен број на играчи да одиграме добро против Шпанија, но и во Јапонија да се обидеме да го освоиме турнирот во конкуренција на Данска, Бугарија и домаќинот", нагласи Баждаревиќ, истакна Баждаревиќ нагласувајќи ја желбата повторно шансата да им биде дадена на оние кои играчи кои сериозно тропаат на вратите на репрезентацијата.
„Секако дека против Шпанија ќе играме на резултат, но многу е важно да им се даде шанса барем десет, 15 минути на играчите на кои сериозно сметаме во наредниот период. Сакаме да формираме широка база на репрезентативци. Тоа ни е потребно за врвни резултати, за пласман на СП во Русија", рече Баждаревиќ.
- Лестер докажа дека во фудбалот е се можно-
И Баждаревиќ е одушевен со сензационалното освојување на титулата првак на Англија од страна на Лестер.
„Направија голем резултат. Докажаа дека во фудбалот е се можно. Не дојдоа туку така до трофејот. Имаат пет, шест класни, светски играчи, одличен тренер. Покрај сето тоа, се им се вклопи. Немаа повреди. За разлика од конкурентите не играа во Лига на шампиони. беа поодморни. Сите работи кои треба да се случат во фудбалот на нив им се случија оваа сезона. Не верувам дека во наредниот шампионат можат да повторат сличен успех"; смета Баждаревиќ.
- Неутрален за Косово во УЕФА-
На прашањето како го коментира денешниот прием на Фудбалскиот сојуз на Косово во Евроската фудбалска асоцијација (УЕФА), Баждаревиќ одговори кратко и дипломатски:
„Имам многу пријатели на Косово и во Србија поради тоа би останал на страна. неутрален сум кога оваа тема е во прашање. Со години се бавам со фудбал. Тренер сум и само можам да кажам дека ако се сретнеме со Косово некогаш ќе дадам се од себе да ги победиме, како и било која друга репрезентација".
news_share_descriptionsubscription_contact
