Elif Nur Çolak
02 Февруари 2017•Ажурирај: 03 Февруари 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Кошаркарскиот клуб Анадолу Ефес ќе организира средба на кошаркарската легенда Петар Наумовски со навивачите, јавува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението што го издаде сино-белиот клуб, во рамките на „пензионирањето на дресот“, на 9 февруари, на натпреварот од ТХЈ евролигата против Емпорио Армани од Милан, Наумовски ќе биде пречекан во салата „Абди Ипекчи“.
Поранешниот македонски репрезентативец и играч на Анадолу Ефес, на 11 февруари, в сабота, во истата сала ќе се сретне со навивачите на Анадолу Ефес.
Петар Наумоски е роден во 1968 година во градот Прилеп. Постигна голем успех во периодот кога играше кошарка во Турција и Италија.
Наумоски во текот на својата долга кариера играше за Сплит, Работнички, Ефес Пилсен, Бенетон Тревизо, Монтепаски Сиена, Олимпија Милано и Улкерспор постигна голем успех и доби многубројни признанија, како во Југословенското првенство и куп, Турско првенство и куп, така и во Европско Првенство.
Во април 2015. година, Наумовски беше избран за претседател на Кошаркарската федерација на Македонија.